Пораснала цената на становите во Скопје во вториот квартал
По неколкугодишниот пад на цените, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) втор квартал по ред регистрира пораст на цената на становите во главниот град. Во периодот април – јуни 2018 година е забележан годишен раст на цената на становите од 5,3%, кој се надоврзува на регистрираниот раст од 7,1% во претходниот квартал од годинава.