Уставен суд може да го поништи ДУП-от за населбата Тафталиџе 1
Уставниот суд на седницата одржана на 20 декември донел решение за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на урбанистичкиот план за скопската населба Тафталиџе 1, донесен на 5 јануари 2016 година од претходното општинско раководство. Воедно, Уставниот суд оцени дека не се исполнети условите за донесување решение за запирање на извршувањето