Скопската пречистителна станица за отпадни води ќе чини 120 милиони евра
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, амбасадорот на Република Франција во нашата земја Христијан Тимоние и претставникот на компанијата „ЕЖИС“ Мирослав Влахов денеска потпишаа анекс на Меморандумот на разбирање за студијата за финансирање, изградба и работа на Централната станица за третман на отпадни води за град Скопје.