Со средства од државниот буџет ќе се градат водоводи, канализации и пречистителни станици
Државата ќе помогне во изградбата на неопходната водоводна и канализациона мрежа низ македонските општини. Владата влегува во завршница на 31 проект за водоводи, канализации и пречистителни станици во исто толку општини, чија вредност изнесува речиси 17 милиони евра. Со дополнителни средства во висина од 60 милиони евра, и тоа 35 милиони евра од