Трошоците за изградба на куќа за една година пораснале за 6,4%
Растат издатоците за изградба на нови куќи во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците во градежништвото за изведба на нови објекти за индивидуално домување во третиот квартал од 2018 година се зголемиле за 6,4% во споредба со истиот период лани. Притоа, трошоците за градежни материјали пораснале за 3,9%, додека трошоците за вработените