Започнува првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“
Градот Скопје објави тендер за првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“ на потегот од булеварот „Словенечка“ до булеварот „Хрватска“ во скопската населба Бутел. Со претстојниот зафат ќе се изведува траса со должина од 1.366 метри, за која е проценето дека ќе чини околу 235 милиони денари, односно 3,8 милиони