Продолжува реконструкцијата на велосипедските патеки во Скопје
Градот Скопје продолжува со реконструкција на постојната и изградба на нова велосипедска инфраструктура во Скопје. Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Градот Скопје, вршат градежни работи на велосипедско-пешачката патека по должината на булеварот „8 Септември“, на потегот од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ до крстосницата со булевар „Илинден“. *Извор