160 дуќани од македонските чаршии ќе бидат санирани со владини пари
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потпиша договори со општините Чаир, Центар, Битола и Охрид за имплементација на проектот „Ревитализација на излозите на старата чаршија“. Од годинешниов државен буџет се обезбедени 16,5 милиони денари за конзервација, санација и адаптација на излозите, натписите, натстрешниците и ќепенците на дуќаните од чаршиите во Скопје, Битола и Охрид.