Приватен инвеститор пак си ја гради улицата на кејот кај ГТЦ
Во раните утрински часови, десетици работници денеска повторно ја започнаа изградбата на спорната улица на Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје. Наспроти решението за сопирање на градежните работи од општина Центар, приватниот инвеститор повторно ги отстранува павер елементите од скопското шеталиште. Општина Центар веднаш испрати инспектор и излезе со идентичните констатации од пред