Бројот на патници во авиосообраќајот годинава зголемен за 10,5%
Двата македонски аеродрома во првите осум месеци од годинава опслужиле вкупно 1.339.065 патници, што претставува зголемување од 10,5% во споредба со идентичниот период лани. Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека на скопскиот аеродром „Александар Велики“ биле регистрирани 1.223.630 патници, односно е постигнат раст од 10,4% во однос на периодот јануари – август