Општина Пробиштип ќе го уредува излетничкото место кај Лесново
Во близина на Лесновскиот манастир наскоро ќе бидат изведени нови содржини во функција на натамошен развој на туризмот. Општина Пробиштип потпиша договор за изведба на осветлување на Лесновските монашки пештери и за уредување на излетничкото место кај Лесново. Претстојните зафати треба да се реализираат до почетокот на октомври годинава и со нив се очекува да