Август ни донел двојно поголема бројка на предвидени станови за градење
Последниот месец од изминатово лето ја дуплирал бројката на станови што допрва ќе се градат во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, македонските општини во текот на август 2017 година издале одобренија за градење на 559 станови, со вкупна корисна површина од 45.011 метри квадратни. Во споредба со идентичниот месец лани, бројката