Ќе се реставрира Спомен костурницата на борците од НОБ во Куманово
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска ја најавија реконструкцијата на Спомен костурницата на борците од НОБ во Куманово. „Подготвени сме проектот да го реализираме доколку биде готов, со зголемени средства од ребалансот, веќе во втората половина на 2018-та година, но во секој случај, ќе го реализираме во 2019“