Министерството за култура ќе изработи анализа за „Скопје 2014“
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на 28 јули ја формираше Работната група за изработка на Анализа за реализацијата и последиците од т.н. „Проект Скопје 2014“. Целта на овој потег е да се изврши евалуација на сите аспекти од проектот во надлежност на Министерството за култура, но и да се дадат предлози за можни решенија