Поништен тендерот за „барокизација“ на зградата на „Пелагонија“
По најавата на градоначалникот Петре Шилегов за враќање на изворниот лик на зградата на „Пелагонија“, Градот Скопје го поништи тендерот за „барокизација“ на ова здание од централното градско подрачје. Финансиските средства од 1,3 милиони евра, кои беа предвидени од претходното градско раководство за оваа намена, ќе се искористат за други приоритетни проекти за граѓаните.