Поликлиниките во Скопје ќе произведуваат електрична енергија од сонцето
На покривите од здравствените објекти низ Скопје ќе се произведува електрична енергија од фотоволтаични системи. ЈЗУ „Здравствен дом“ од Скопје ќе инвестира во инсталирање на соларни електрани во поликлиниките „Бит Пазар“, „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“. Производството на обновлива енергија во рамките на овие здравствени установи треба да започне најдоцна до мај 2019 година.