ТЕМА: Железницата во 2018 година – сериозни инвестиции или големи проблеми?
Македонската влада во 2018 година ќе мора сериозно да се посвети на инвестициите во проекти и реструктуирање на железницата. Сите инфраструктурни зафати во железничкиот сектор доцнат, бројот на превезени патници со воз е рекордно низок, а ниту товарниот железнички сообраќај не може да се пофали со позитивни резултати од работењето. Како последица на ова,