Втор дел од реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ на Водно
Општина Центар продолжува со вториот дел од реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ во скопската населба Водно. Планирано е да се постави атмосферска канализација и да се изгради водоводна мрежа, по што би следувало асфалтирање на улицата и на тротоарите, за што се алоцирани вкупно 28,8 милиони денари. Изведувач на градежните работи е „Бауер БГ“.