Манеко Солушнс

МАНЕКО Солушнс (MANEKO Solutions) е консалтинг фирма од областа на животната средина што обезбедува комплетна услуга – целосен еколошки пакет (од анализа до финално решение) за прашања од областа на животната средина, базирани на реалните потреби на клиентите.

 

МАНЕКО Солушнс обезбедува услуги базирани на систематски и интегриран пристап со цел да им понуди на своите клиенти вистински решенија за прашања и проблеми од животната средина.

 

Нашата работа се заснова на високостручни, професионални и посветени кадри кои одржуваат континуирана доедукација, усовршување и следење на најновите светски трендови во областа на животната средина, ставајќи ги на располагање најдобрите светски пракси на своите клиенти.

 

Наш интерес е моменталната поставеност на нашето законодавство во областа на животната средина и сите нејзини измени, со цел да бидеме чекор пред другите и со нашиот проактивен пристап да им укажеме на нашите клиенти за нивните законски обврски посочувајќи го најдобриот начин за нивна имплементација без законски последици и застои во тековната работа.

 

Нашата цел е да ја потенцираме важноста на прашањата од областа на животната средина и со еден поинаков пристап да ги позиционираме нашите клиенти меѓу компаниите кои работат по европски стандарди.

 

 

 

Поштенска адреса: ул. Радушка бр. 58/5, 1000 Скопје
Канцеларија: ул. Ленинградска бр. 118а, 1000 Скопје
Тел: 02 / 6142 209
Мобилен: 076 / 298 297 (Контакт лице: Марјан Михајлов)
e-mail: contact@maneko.com.mk
Web: www.maneko.com.mk