Инк Тритан

Датум на основање: 1989

Тип на компанија: Приватна

Вид на сопственост: Трговец – поединец

Број на вработени: 4 -10



Мисија:

Учество во профитабилни и одржливи бизниси, преку реинвестирање во развојот на локалната заедница.



Визија:

Да бидеме препознатливи како компанија која обезбедува можности за креативна работа преку бизнис диверсификација.



Профил на компанијата:

Основана во Охрид, Македонија,компанијата ја рефлектира амбицијата на сопственикот за создавање на компанија која главно би се занимавала со градежништво, односно во градежната индустрија.


Почнувајќи од увоз на градежни материјали се до менаџирање на самиот процес на градењето. Од самите нејзини почетоци па се до 1995 година, компанијата беше ангажирана во обезбедување системи за климатизација за хотели, градежни суровини како и супервизија на мали трговски единици.


Во периодот од ‘93 до ’98 година, компанијата го насочи своето бизнис – портфолио на малку поразлична гранка, и стана една од официјалните дистрибутери на INA моторните масла. Исто така, беше и една од главните увозници на делови и гуми за тешки товарни возила за Kolbenschmidt, Raba и Taurus.


Меѓутоа, диверсификацијата не завршува тука. Во 1996 година, компанијата гради и отвора мал хотел, кој сеуште работи и планира да изгради уште еден таков хотел, со истиот капацитет во текот на 2011 година.



Адреса: ул. Абас Емин бр. 4, 6000 Охрид
Тел:  046 / 253 203;  046 / 250 004
Мобилен: 071 / 375 650; 070 / 204 676
Факс:  046 / 263 607
e-mail: inc-tritan@tritan.biz , n.tanasoski@tritan.biz
Web: www.tritan.biz
Web: www.hotellebed.com.mk


Лица за контакт:

Танасоски Јован (сопственик / генерален менаџер)

Танасоски Никола (менаџер за продажба и операции)