Градежен факултет

Градежниот факултет е јавна високообразовна институција која врши образовна, научно-истражувачка работа, применета и издавачка дејност од областа на градежништвото, геотехниката и геодезијата.


Основната мисија на Градежниот факултет е едукација, стручно оспособување, но и подигнување на целокупното функционирање на нашето општество во насока на приближување кон идеалите што пред себе ги поставија земјите од Европа.


Оваа своја основна цел ја спроведува преку:


– продукција на високообразован стручен кадар од областа на градежното инженерство на ниво на додипломски, последипломски и докторски студии

– поттикнување и остварување на научно-истражувачката дејност

– постојана соработка со стопанството, првенствено со градежната оператива, црпејќи корист од нивните искуства и нудејќи ги за возврат резултатите од сопствените истражувања

– освен стручното оспособување на студентите, извонредно важен чинител е нивното оформување во целовити личности, со сопствен став за општесвеното живеење, но и со елан да се учествува во тие токови

– имплементација на Европскиот Кредит Трансфер Систем – ЕКТС.


Адреса: бул. Партизански одреди бр. 24, П.Ф. 560, 1000 Скопје
Тел: 02 / 3116 066
Web: www.gf.ukim.edu.mk