GEZE GmbH

GEZE GmbH е една од водечките фирми во светот која се занимава со развој и производство на системи за врати и прозорци, како и безбедносни системи. GEZE нуди широк спектар на производи вклучувајќи автоматски врати, прозорци, системи за стакло, системи за одведување на топлина и чад, системи за вентилација и безбедносна технологија. Како еден од лидерите на пазарот во сферата на иновација и дизајн, оваа независно управувана фамилијарна компанија силно влијаеше во унапредување на градењето со своите високотехнолошки решенија, кои постојано се усовршуваат во развојниот центар на GEZE. Највисоките стандарди до кои се држат производите на GEZE значат придонес дури и кон најинвентивните проекти и гарантираат практичност и безбедност.

 

#

 

Автоматите за врати на GEZE се меѓу најпопуларните во светот, а фирмата е пазарен лидер во Германија за системи за автоматски врати. Секој ден милиони луѓе ширум светот минуваат низ врати опремени со GEZE TS 5000 автоматот и ја замаат здраво за готово удобноста која ја нудат системите за автоматски врати од продуктната линија Slimdrive.

 

GEZE исто така нуди широк спектар на производи за одведување на чад и топлина (RWA системи), безбедносни системи за контрола на пристап, системи за стакло, како и техника за прозорци и за вентилација. Системите за стакло на GEZE им овозможуваат голема дизајнерска слобода на архитектите, дури и за најкомпликуваните проекти.

 

GEZE нуди и повеќе од технологија. Вработените на компанијата низ целиот свет обезбедуваат професионални совети и поддршка, од фазата на дизајнирање, до фазата на инсталирање и одржување, со цел да се задоволат сите индивидуални и нормативни барања и да се пронајде најдоброто можно решение.

 

 

 

 

 

GEZE GmbH  е водечка фирма на полето на:

 

 

 

Автоматски врати (надворешни и внатрешни) – лизгачки (Slimdrive, ECdrive, Powerdrive, TSA), со FR варијанти, применливи кај коридори и излези за евакуација (согласно европските и локалните норми и стандарди), врати на шарки, ротирачки врати, болнички врати;

 

###

 

###

 

###

 

 

 

 

 

 

Автомати за затворање на врати – горни со рамо (TS 1000, TS 1500, TS 2000, TS 4000), горни со шина (TS 1500 G, TS 3000, TS 5000), вградени автомати (Boxer, Pendulo), подни опруги (TS 500 N, TS 550 NV), за еднокрилни или двокрилни врати на шарки, како и за огноотпорни и херметички противпожарни врати;

 

####

 

###

 

 

 

 

 

 

Техника за прозорци – вретенести, ланчани и механички уреди за отворање на оберлихти, прозорци за проветрување, поклопци;

 

##

 

 

 

 

 

 

Системи за рачни лизгачки врати – со тркала (Perlan 140, Rollan, Aerolan, APOLL и Levolan) и со лагери (Perkeo);

 

###

 

##

 

 

 

 

 

 

Системи за стакло (вклучувајќи ги подвижните преградни ѕидови MSW), оков за стаклени врати и ѕидови, системот IGG за целосно стаклени врати;

 

##

 

 

 

 

 

 

Системи за одведување на топлина и чад и за вентилација (RWA, SHEV) – електрично управувани ланчани и вретенести уреди, механизми за отворање и заклучување, вонредно напојување, како и контролни уреди кои можат да бидат интегрирани во противпожарниот систем;

 

###

 

##

 

 

 

 

 

 

Безбедносна технологија – системи за излези при евакуација (контролни уреди за врати, контролни уреди за врати со „паник“ копче, самостојни или мрежни), самозаклучувачки „паник“ брави (IQ Locks), контрола на пристап (SecuLogic) и др.

 

####

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Адреса: ul. Nickolay Haitov 34, 1000 Sofia, Bulgaria

Тел: +359 2 470 4373

Факс: +359 2 470 6262

e-mail: office-bulgaria@geze.com

Web: www.geze.com