Претходна статија
Приземје – 3 дел
Следна статија
Еден кат погоре (дополнето)

Втора плоча

Објавено на 29.12.2009 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin
Со голема радост на прагот на новата 2010 год. го објавувам последниот пост за оваа година. Конечно ја изведовме втората плоча на објектот. За ова особено му благодарам на времето кое последните денови се покажа идеално за работа. Сега може да снежи колку сака. Впрочем време му е….треба да се појде на планина наскоро.


Втората плоча е на кота +3.00 од првата плоча. Дебелината е 18 cm и е безгредова меѓукатна конструкција. Над ѕидовите и помеѓу групираната арматура во форма на арматурен кош за столбови изведени се “скриени греди”. Истите се направени од главна арматура 2×4-14 mm и узенгии 8/10/20 cm. Арматурата во плочата е во две зони, а употребени се дијаметри 8, 10 и 12 mm во се според проектот за конструкцијата и арматурните детали. Употребивме 20 m3 бетон со марка МБ30-4. Еве како изгледаше изведбата која траеше со прекини од 11-29.12.2009 год.

Поставување оплата за плочата.






Оплата и арматура за скалите.



Но, кога работата тргна според предвидената динамика падна снег. И тогаш, како што би рекол Kevin Mcloud од емисијата Grand Designs на каналот Discovery, “now the work has come to a stop”.



Снегот ја покри и сокри арматурата, па работата чекаше.




Но, газдата беше упорен, работниците мотивирани, па работата продолжи.



И тогаш како што вели поговорката, после снегот (или беше после дождот :-) ) доаѓа сонце. Го искористивме да ги поставиме пластичните црева за електричните, телевизиските, домофонските и телефонските инсталации.



Тука ќе биде отворот низ плочата за оџакот наменет за камин. М м м м (патем, добар пример како се обезбедуваат отвори во плочите).



Еве како ја одвоивме арматурата од оплатата. Овие пластични дистанцери се покажаа одлично.



Стигна и бетонот, а него нормално го вградивме со вибрирање.





Финален изглед на плочата




Уште една плоча, па ќе покриваме :-) )))))))