Претходна статија
Ќе има ли брзи пруги во Либија?
Следна статија
Инсталации за греење и колектори

Возот куршум од 320 километри на час

Објавено на 18.04.2011 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

*моделот како идеја

 

 

На 5 март годинава беше пуштен во употреба најбрзиот воз во Јапонија. Shinkansen E5 претставува нова верзија на возот куршум кој започна да сообраќа во Јапонија уште во 1964 година со брзина од 210 километри на час.

 

*тестирањето на возот започна во јули 2009 година

 

 

Новата генерација на јапонските куршум-возови е наменета за линијата Тохоку која ќе ги поврзува Токио и Аомори во источниот дел на Јапонија. Брзата пруга помеѓу Токио и Аомори е изградена во 1971 година, долга е 593 километри, а со моменталното надградување ќе биде постигната брзина од 300 километри на час со можност за зголемување до 320 километри на час.

 

* управувачката кабина на Shinkansen Е5

 

 

Shinkansen E5 има мотори со вкупна моќност од 9.960 kW кои овозможуваат достигнување на брзина од 300 километри на час за помалку од 2 минути.  Возот има комплетно нов систем на сопирачки, бидејќи претходните модели овозможуваа кочење при брзини помали од 275 километри на час. Истиот ќе добие и нов модел на пантограф за снабдување со електрична енергија.

 

* патничката кабина на Shinkansen Е5

 

 

Новата серија на возот куршум најверојатно ќе го добие името Хатсун. Во моментов се произведуваат 59 гарнитури од овој тип, а секоја гарнитура ќе има 10 вагони со вкупен капацитет од 731 патник распоредени во три класи.



 

 

Иако Јапонија беше симбол за најбрз железнички сообраќај, денес е истисната од врвот поради огромните инвестиции на Кина во последната деценија и развитокот на француските TGV возови и германските Velaro возови. Со пуштањето во сообраќај на новата верзија на возот куршум, Јапонија ќе добие супер брз воз кој ќе може да конкурира со брзина и квалитет на Кина, Франција и Германија.

 

 


Бојан Блажевски