Сите посакуваме да живееме во здрава и пријатна животна средина која има позитивно влијание врз нашата и благосостојбата на нашите најблиски. Простор во кој може да закрепнеме од секојдневниот стрес или квалитетно да ги завршиме работните обврски. Современиот човек во затворените простории поминува најголем дел од животот. Токму поради тоа, внимателниот избор на градежните материјали кои се користат во објектите има клучно значење за oбезбедување хармонија и здравје за секоја индивидуа.
Исцрпеноста, уморот или главоболката претставуваат модерни болести на времето во кое живееме. Никогаш не обрнуваме доволно внимание на нив, иако тие можат да претставуваат опомена за посериозна болест. Особено загрижувачки е доколку ваквите нарушувања на здравјето се појавуваат во домот, училиштето или на работното место. Појавата на болките при присуство во затворени простории може да е поврзано со вградените нездрави материјали во објектите, во кои се застапени радиоактивни или други штетни материи. Тоа е причината поради која од исклучителна важност е какви градежни материјали ќе одбереме при изградбата на нашиот животен простор. Здравјето е скапоцена вредност за која што не смее да се прават компромиси!
Гипсот е биолошки беспрекорно здрав материјал за градење, докажан преку постојаните научни испитувања во развиените земји. Производите на Кнауф од гипс се вистински регулатори на климата во затворените простории. Нивните супериорни својства за природно регулирање на влажноста овозможуваат пријатна атмосфера во екот на летните горештини, но и задржување на топлината во најстудените месеци од годината. Оптималната клима што ја овозможува гипсот благопријатно влијае на здравјето на луѓето. Гипсот е природен минерал кој се употребува во прехранбената индустрија, козметиката и во медицината. Причината за цврстата поврзаност со човечкото тело е позитивното влијание што го има врз него. Гипсот и човечката кожа имаат идентична pH – вредност. Вградувањето на градежни материјали од овој тип во домот, училиштето и во работниот простор се најдобриот подарок за здравјето на човекот.
Со атестот е потврдено дека во градежните производи на Кнауф нема радиоактивност, тешки метали, биоциди и токсични испарувања, четирите штетни материи опасни по здравјето на човекот. Во Европската унија постојат акредитирани институти кои се специјализирани за испитување на градежно – биолошките особини на гредежните материјали. Нивната оценка е услов за примена на одреден производ во гредешништвото. Континуираната контрола на производите го потврдува нивното беспрекорно позитивно влијание врз човекот, а македонското претставништво на Кнауф постојано се стекнува со врвни сертификати за материјалите произведени во фабриката „Кнауф Радика“ во Дебар. Поаѓајќи од опсежните истражувања, германскиот Институт за градежна биологија (IBR) од Розенхајм редовно ја наградува „Кнауф Радика“ со Печат за квалитет за гипсените плочи, последен пат во август 2011 година. „Институтот го потврдува целосното отсуство на VOC (испарливи органски компоненти), биоциди, тешки метали и радиоактивност“, се наведува во доделениот сертификат. Со овој суштински документ се кој се гарантира здравата животна средина во училиштето, домот или работното место на секој поединец.
IBR претставува еден од двата најпрестижни института во Европа за тестирање на влијанието на материјалите врз здравјето на луѓето. Основан уште во 1978 година, во IBR до денес успешно се сертифицирани материјали кои ги задоволиле исклучително строгите параметри во процесот на испитување, вреднување и оценување. Институтот е вистински заштитник од опасностите кои постојано го демнат човековото здравје, истражувајќи го степенот на присуство на следниве штетни материи во градежните производи: радиоактивност на материјалите, присуството на биоциди, формалдехиди, тешки метали, терпени, кетони, алкани, аромати и ситни честички прашина. Во моментов единствено 300 производи го имаат добиено Печатот за квалитет од овој институт, при што за забележување е дека Кнауф е една од компаниите што имаат добиено најголем број на сертификати за производите: гипсени плочи, системи за малтерисување и Aquapanel водоотпорни плочи.
Водејќи се од неприкосновената вистина дека човековото здравје е бесценето, Кнауф создава производи кои претставуваат гаранција за благосостојбата на секој што живее и работи во објектите изградени со проверените материјали на оваа позната германска компанија. Македонија ја има среќата да го поседува едно од трите најчисти наоѓалишта на гипс во целиот свет. Во дебарскиот регион долги години наназад успешно функционира рудникот и фабриката за гипсени производи на Кнауф. Нашата земја е извозник на безбедни и строго контролирани гипсени материјали кои се високо вреднувани и почитувани од потрошувачите во земјите од регионот.