Претходна статија
Acela Express - најбрзиот воз во САД
Следна статија
Проблеми со дождот

Виртуелна Македонија (краток опис)

Објавено на 18.10.2010 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin


Што е Виртуелна Македонија?


Виртуелна Македонија е неофицијален проект поддржан од build.com.mk кој има за цел да промовира создавање на една поширока онлајн заедница за изработка на 3д модели од градби на територијата на Република Македонија, кои потоа би се вклучиле во “3D Buildings” слојот на Google Earth, притоа доловувајќи ја што поверодостојно македонската архитектурна, градежна и урбанистичка реалност.


Како до остварување на целите?


Виртуелна Македонија е проект без буџет, без трошоци и без профит. Придвижен е чисто од доброволци кои го вложуваат своето време, знаење и креативна способност, за возврат добивајќи ништо освен задоволството да се види своето опкружување, својот град од една нова перспектива.


Виртуелна Македонија е проект без проект менаџер*, без вработени над кои им “се стои врз глава”. Се работи на доброволна основа, кој колку може/знае/сака. Тука владее тотална демократија, со целосна транспарентност во работењето, а притоа има и здрав натпреварувачки дух (кој повеќе/побрзо/подобро ќе нацрта).


Планирани се неколку бесплатни предавања и работни групи преку кои ќе се промовира проектот. Овие предавања ќе имаат примарна цел да се запознаат заинтересираните соработници со техниките на изработка преку совети и примери. За конкретните термини ќе бидете известени во понатамошно соопштение, веднаш откако ќе бидат дефинирани деталите.


*  има координатор со советодавна функција, но не и извршна


Како можам да помогнам?


Најкраткиот пат до успешна соработка, без воопшто да има потреба од контакт со нас, е следниот:

1. Симнете го Google SketchUp
2. Нацртајте зграда
3. Прикачете ја на Google 3D Warehouse
4. Чекајте да ја прифатат
5. Пофалете се

Алтернативно, може да се вклучите во нашите работни и дискусиони групи, како на бесплатните предавања, така и на официјалната нишка на проектот.