Во малку потешки услови од претходно, се изврши ископ на темелите за делот од куќата што нема подрум. Темелната конструкција е составена од темели-самци и поврзни греди меѓу нив. Практично во овој дел ја повторуваме постапката на градење, како и претходно во делот од куќата со подрум. Темелите се со различни димензии и дебелина од 70 cm. И во овој случај додадовме адитив за водонепропусност како и претходно.
Вкупно потрошивме 20 m3 бетон и околу 1320 kg арматура.
Ископани се темелите
Поставена арматура во самците и гредите
Контрола на сите позиции пред бетонирање. Тоа опфаќа проверка на нивелираноста, притегнување на арматурата доколку има потреба и сл.
Додавање адитив за водонепропусност во миксерот
Бетонирање
Конечен изглед на темелите
По оваа фаза ќе се изработуваат ѕидчиња околу објектот во кои ќе се исполни и набие материјал за да постигне посакуваната кота на првата плоча и изведе потребната денивелација на првата плоча.