На 8 мај 2011 го изработивме слојот за израмнување на подните површини во куќата или народски кажано „кошулка“. Овој слој има неколку функции, и тоа служи како заштита на инсталациите спроведени на подот, ја израмнува и нивелира подната површина со што се врши подготовка за вградување на подовите, има термоизолациона и акустична улога. Вообичаено се изведува со дебелина од 3-4 cm, но во зависност од подлогата може да достигне дебелини од 5-8 cm. Ако мајсторите што ја бетонирале плочата биле способни да изведат хоризонтална плоча, тогаш ќе поминете со помала дебелина. Во спротивно, ќе мора да се изведе дебела кошулка, што непотребно создава товар на конструкцијата, а во некои случаи заради неговата дебелина мора да се армира за да не испука. Затоа, добро внимавајте на нивелирањето при поставување оплата за армирано-бетонските плочи. Најдобро е да се изведе со помош на геодетски снимки, ласерска техника или стариот добар „вагрес“.
Се одлучивме за стандардна цементна кошулка. Постојат и други варијанти, но ценовно беа далеку поскапи од оваа. Кошулката се изработува како „пливачки под“. Тоа значи дека се одвојува од постоечката конструкција (плочи, ѕидови) со помош на лесни и меки материјали. Тоа најчесто се прави со стиропор (или варијанти од експандиран или екструдиран полистирен). Нивната дебелина може да биде различна, во зависност од условите во објектот. Кај нас поставивме 2 слоја плочи од „Усјепор“ со дебелина од 1 cm водејќи сметка за преклопот на двата слоја. Над него се поставува најлонска фолија врз која се изведува слојот кој претставува мешавина од цемент, ситен песок, вода и додатоци. Оваа смеса е доста „сува“ (има низок водоцементен фактор) што овозможува добра обработка. Во сместата обично се додаваат додатоци за микро армирање што во овој случај се направи со стаклени влакна. Смесата се распределува до измерената височина, нивелира и мазни со долги летви и мистрии, за на крај да се набие и порамни со т.н. „хеликоптерки“. Вкупно потрошивме 1900 kg цемент и 6.5 m3 песок. Тоа значи дека просечно потрошувачката е 11 kg/m2 цемент и 69 kg/m2 песок.
Еве како изгледаше овој процес низ фотографии.
Машина за подготовка на смеса за кошулка. Компресорот во ТАМчето е за воздух со кој се пупма смесата низ цревата
Цемент и стиропор
Цемент и песок
Поставување стипорор на подовите
Поставување стипорор на подовите
Поставување најлон над стипоророт
Поставување најлон над стипоророт
Два слоја стипорор и најлон над нив
Мешање на состојките за кошулката и додавање стаклени влакна за микро армирање
Триножно столче преку кое се истура смесата на подот
Триножно столче преку кое се истура смесата на подот
Маркирање на височината на кошулката. Претходно е означен ѕидот со вагрес
Смеса на подот. Едно чудо мали брда и планини
Распределување на смеса на подот
Рамнење на смесата со летва
Рамнење и мазнење на смесата со летва
Папучи за одење над израмнетата површина
Набивање и мазнење со хеликоптерка
Набивање и мазнење со хеликоптерка
При набивањето и мазнењето се додава вода по потреба
Формирање на ивици
Оставање фуги во кошулицата за спречување на појава на пукнатини. Прво со мистрија
После со нож
Сечење со нож
Финален изглед. Различна височина на кошулката на површини со различна подна облога. Во случајов левата соба ќе се обложи со паркет, а десната со ќерамички плочки.
Финален изглед
Финален изглед