Претходна статија
Градителските чуда од Олимписките игри во Лондон
Следна статија
Здравјето е бесценето - градете со здрави материјали

Системската градба е гаранција за успешни проекти

Објавено на 16.08.2012 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

#Градителскиот пат од проектирање до реализација на замислата може да биде навистина макотрпен. Секоја градба претставува сложен систем од бројни компоненти и нивната меѓусебна интеракција. Беспрекорноста на крајниот резултат зависи не само од квалитетот на градежните материјали, туку и од нивната ускладеност. Суштинската определба на компанијата Кнауф подразбира користење на системска градба, која е единствена сигурна гаранција за добивање на посакуваните карактеристики на новиот ѕид, таван, под, објект… Кнауф системите претставуваат единство од градежни материјали и оптимизирана технологија на монтажа со кои се создава готов производ, кој ги задоволува сите врвни критериуми во современото градежништво.

 

Основа при изборот на оптималниот систем за градба претставуваат техничките листови, во кои на детален начин се разработени неопходните параметри и стандардните карактеристики што би се постигнале по изведувањето на градежните активности. Доколку секогаш се употребуваат препорачаните компоненти и адекватната техника на монтажа, тогаш се остваруваат гарантираните високи перформанси на системот, како што се на пример статичките карактеристики или беспрекорната топлинска и звучна изолација.

 

###

 

 

Системите за сува градба се составени од четири типа материјали: гипсени плочи, метална конструкција (профили), монтажен материјал (шрафови, држачи, спојки) и систем за фугирање (бандажни ленти и глет – маси), изработени во согласност со строгите европски норми за градење. Непромисленото купување на само неколку евтини шрафови од локалното пазариште кај нелиценциран трговец може да го доведе во опасност целокупниот преграден, тавански или поден систем кој се изработил со производите на Кнауф. Поради слабостите кои произлегуваат од некомпатибилните производи при изградбата, Кнауф енергично го препорачува користењето на понудените системи во техничките листови, составени од оригинални материјали на оваа компанија.

 

#Минорните компоненти на кои понекогаш им придаваме најмало значење можат да предизвикаат огромни штети во системската градба. Се вели дека ланецот е силен колку и неговата најслаба алка, а слично е и во градежништвото. Еден банален пример за мал пропуст кој може да предизвика огромна штета е непридавањето значење на т.н. дихт ленти кај преградните ѕидови. Овој производ со кој се осигурува деклариранато ниво на звучна изолација често бива изоставен од страна на несовесните монтери. За постигнување на потребните изолациони карактеристики при изведување на 10 m2 преграден ѕид, неопходно е количество на дихт лента кое чини само 98 денари. Но оваа сума често значи разлика помеѓу лоша и совршена звучна изолација.

 

#Квалитетот на сите состојки на Кнауф системите и нивната меѓусебна усогласеност го гарантира науката. Зад секој Кнауф систем стојат иновации, многу енергија и исклучителни познавања стекнати низ 80-годишната историја на компанијата и традицијата на производство на беспрекорни градежни материјали. Со децении наназад, креирањето на овие системи е во рацете на посебен Развоен центар на Кнауф во Германија, во кој се вработени врвни инженери и доктори на науки кои посветено работат на истражување на постоечките својства на понудените системи за градба и на нивно понатамошно усовршување во согласност со потребите на пазарот. Современите барања на потрошувачите се земаат предвид при долготрајните тестирања на разновидните ѕидни, тавански или подни системи.

 

Системската градба со Кнауф подразбира цврста гаранција за сите компоненти кои потекнуваат од овој производител. На било каква рекламација на некој вид материјал или финална изработка на одреден систем, компанијата излегува на терен за да изврши увид на лице место, со цел да се утврдат причините кои довеле до посочениот недостаток. Доколку стручната анализа покаже пропуст на некој од градежните материјали, тогаш Кнауф ги обештетува ценетите потрошувачи преку повторна изведба на градежниот зафат. Еминентниот германски производител секогаш ја прифаќа сопствената одговорност во случај на грешка, потег кој е непознат за несертифицираните компании кои во континуитет се појавуваат и исчезнуваат на македонскиот пазар.

 

Комплетирањето на градежните работи на експедитивен начин е најлесно со употреба на Кнауф системите. Тие овозможуваат значителна заштеда на време на изведувачите, бидејќи некој пред нив веќе ги осмислил деталните параметри за имплементација на системот во пракса. Дополнително, непотребното талкање низ продажните центри и стоваришта со цел да се купат различни марки градежни материјали одзема многу драгоцено време. Кај овластените трговци на најлесен начин можат да се купат врвните системски производи на Кнауф, ефикасно решение за најповолно снабдување од финансиски аспект.

 

###

 

 

Македонија за жал заостанува по обемот на реализирана сува градба, не само во споредба со западните, туку и во споредба со соседните држави. Сепак трендот е позитивен и Кнауф предвидува дека до 2015 година во земјава ќе се достигне потрошувачка на материјали за сува градба од 2 m2 по глава на жител. Стратегија на македонското претставништво на Кнауф е да се промовираат градителските пракси од развиените држави и сувата градба да оди рака под рака со системскиот пристап. Странските инвеститори во нашата земја без никаков исклучок целосно ја почитуваат системската градба при изведувањето на ѕидови, тавани и на подови, применувајќи ја во најпознатите трговски центри, хотелски комплекси, деловни објекти и во станбени згради. Во последните неколку години и македонските претприемачи го следат искуството од развиените западни земји во однос на масовната употреба на системите за сува градба. Визијата на Кнауф е дека со користење на квалитетни материјали од идентичен производител и правилната примена на технологијата на монтажа може паралелно да се зголеми примената на сувата градба, но и да се надминат неоснованите предрасуди кон овие градежни материјали кај дел од македонските граѓани.

 

###

 

 

Германската компанија цврсто настојува да ја прошири филозофијата за системска градба во Македонија. Кнауф калкулаторот е едноставна но моќна алатка која може да ја искористи секој, за да добие детални нформации за количеството градежни материјали што се потребни за суво малтерисување, изведување преградни ѕидови, спуштени тавани или суви подови. Брзо и лесно, со еден клик на интернет – страницата на Кнауф, можат да се дознаат неопходните компоненти за ефикасна реализација на замислата. Единствено што треба да се направи е да се впише големината на површината што треба да се изведе.

 

Заинтересираните поединци и градежните компании можат во секое време да се обратат до Канцеларијата за продажба и маркетинг во Скопје, во која може да се добијат детални информации за професионалните решенија и стручни совети за сите дилеми поврзани со Кнауф системите. Исто така на располагање постојано им стои и мрежата партнери на Кнауф кои се распространети на целата територија на државата. Кај нив можат да се добијат опширни одговори и совети за сите прашања поврзани со изведувањето преградни ѕидови, тавански конструкции или подни системи, но и да се купат потребните оригинални компоненти кои се неопходни за системска градба. Градењето со Кнауф системите е како создавање уметнички мозаик – иновативност преку почитување на пропишаните правила за изведба, со ползување на оригинални, здрави и испитани материјали од докажан производител.