Претходна статија
PVC Столарија (втор дел)
Следна статија
Сапсан се шири низ руските пруги

Railjet патување од соништата

Објавено на 29.07.2010 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

#Доколку планирате патување низ Европа со воз, тогаш никако немојте да го пропуштите патувањето преку Будимпешта или Виена. Причина за тоа е новиот Railjet брз воз на Австриските железници којшто сообраќа на сите дневни поаѓања од унгарската престолнина кон Виена, Салзбург, Минхен и Цирих, а од 2012 година и од Љубљана, Загреб и Венеција.


Проектот Railjet е по многу нешта е уникатен и единствен. Модерниот изглед и луксузноста се #карактеристика на овој воз што може да се потврди од она што возот може да го понуди. Имено, патниците имаат избор при своето патување да бидат сместени во прва класа, економска класа или премиум класа. Сите патници имаат пристап до бистро-барот, во кој е достапна храна и пијалоци долж целото патување до посакуваната дестинација. Патувањето во повисока класа во Railjet овозможува вклучен појадок и пијалок, додека економската класа нуди посебен оддел за деца, во #кој може да се проследат некои од најпопуларните цртани филмови. Покрај луксузноста, Railjet ги овозможува сите стандардни услуги во европските возови: брз интернет и климатизација на вагоните. Railjet се грижи и за хендикепираните лица, така што возот е достапен за патување за лица во инвалидска количка.


#Брзината на движење на возот во моментов е 200 километри на час, но се прават напори во иднина максималната брзина да се зголеми на 230 километри на час. Во моментов сообраќаат 13 пара Railjet возови, а од понудените патувања го препорачуваме она од Будимпешта до Виена, од каде што со тактни поаѓања на секои 2 часа може да се стигне во австриската престолнина за 3 часа, пократко отколку целокупното време за да се фати авион или да се вози автомобил. Неповторливо е и патувањето низ австриските Алпи од Будимпешта до Минхен преку Виена коешто трае 7 часа и 20 минути.


#Накратко, и по техничките карактеристики Railjet се разликува од останатите возови, бидејќи е нешто помеѓу електромоторна гарнитура (француски TGV и европските ICE)  и стандардна локомотива со патнички вагони.  На чело на возот е новата трета генерација на локомотиви Taurus на германскиот производител Siemens.


Австриската железница, на чие тло започнува Коридорот 10, планира развој на Railjet возовите и кон Балканскиот полуостров, и тоа првенствено кон Словенија и Хрватска, а подоцна и кон Србија, Македонија и Грција, но како главна пречка за воведување на овој воз е ниската брзина на пругите во балканските држави.