Претходна статија
Електрични инсталации
Следна статија
PVC Столарија (втор дел)

PVC Столарија (прв дел)

Објавено на 24.06.2010 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Денес, 24.6.2010 год. почнавме со монтажа на PVC столаријата за куќата. Се одлучивме за PVC профили од производителот Salamander систем 3D (пет комори и 3 дихтунзи) во бела боја. Профилот е зајакнат со челични профили од цинкован челик со дебелина 1.5 mm од прозиводителот Gebhardt Stahl GmbH. Стаклото е флоат-термопан со бутил трака 4×16x4K mm од AGC Glass Europe. Оковот е од производителот Roto.


Коефициентот на топлопроводливост на профилот (штокот) и крилото е U=1.2 W/m2K.


За стаклото пропишан е коефициент на топлопроводливост од U=1.7 W/m2K. Неговата звучна изолација е 36 dB.


Гаранцијата за PVC столаријата е 100 години, за област на температура од -50 до +80°С без промена на боја. Оковот има гаранција од 10 години.



На следните фотографии се дадени некои детали од монтажата.


Испорака на столаријата и стаклата




Профилот одблизу




Профил за врата и пур пена за монтажа




Дистанцери за подесување на стаклото во профилот и пур пена




Профилот дополнително се зацврстува со челични елементи со ковање




Изглед на монтиран прозорец




Вметнување на стаклото во рамката. Се подесува со дистанцери и се затвора со маските




Маските се прицврстуваат во жлебовите со благо потчукнување




Монтиран е првиот прозорец




Прозорци во спална соба. Во средниот сеуште не е вградено стаклото




Монтирани се вратите за спалната соба




Прозорци кај скалите на катот




Прозорци на катот во тоалетот




Западна фасада со монтирани прозорци на катот



Во следните денови ќе следи монтажа на останатите прозорци и врати, па наскоро ќе бидат објавени и фотографии од таа фаза.