Од 1-4 ноември 2009 се работеше на првата плоча на објектот. Еден ден беше тотално непродуктивен поради временските услови. Во останатите три дена се оплатираше, армираше и бетонираше првата плоча којашто е денивелирана во делот околу дневниот престој.
Најпрво се бетонираше денивелираната плоча за која се потрошија 8 m3 бетон МБ30. Потоа се работеше на “повисоката” плоча за која се потрошија 24 m3 бетон МБ30.
Оплатирање на плочата
Армирање на плочата (тука се гледаат и скриените греди околу скалишниот простор)
Поглед на работата од повисоко
Поглед на подготвена арматура за плоча пред бетонирање
Бетонирање и мазнење на површината
