Конечно се постави првиот ред блокови Isospan. Поради лошите временски услови, по завршувањето на првата плоча помина скоро една недела додека се поставија првите блокови. Во таа операција најважно е блоковите да бидат нивелирани хоризонтално и вертикално со колку што е можно помали отстапувања. Тоа е важно за да не се одрази било какво отстапување при нижењето на редовите по височина. Првиот ред блокови се фиксира со бетонирање до половина височина на блокот. Ова е потребно заради обезбедување потпора за останатите редови. Планирано е да се постават 5 реда блокови, а потоа да се бетонира со марка бетон МБ30-4. Сите евентуални процепи меѓу блоковите се пополнуваат со Пу-Пена со мала експанзивна моќ.
Поглед на објектот одозгора
Поставување на блоковите (Делот од блокот со стиропор е исфрлен нанадвор. Со ова на една плоча се добиваат плус 6.5 m2)
Сечење на блоковите со моторна пила. Истото се прави и со циркулар.
Делот кај дневната
Делот кај влезот
Детали