Претходна статија
Виртуелна Македонија (краток опис)
Следна статија
Малтерисување (приземје и кат)

Проблеми со дождот

Објавено на 26.10.2010 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Дека работите при изведба на еден објект не одат секогаш глатко и без проблеми доказ е следниов пост. Имено, при секој поголем дожд почна да се јавува вода во подрумот. Најпрво мислевме дека дождот влегува преку прозорците (кои во одреден период не беа монтирани), но по целосно затворање на објектот сфативме дека имаме друг проблем. Водата навлегуваше низ подрумот. Иако подрумската плоча и ѕидовите се изолирани со хидроизолација на битуменска основа, сепак некаде водата си го наоѓаше патот да се појави онаму каде што не ја сакавме.


Утврдивме дека слабост е спојот (врската) меѓу плочата и ѕидовите. Тие се бетонирани во различни фази, но веројатно поради густата арматура при бетонирањето на ѕидовите пер-вибраторот не ја завршил добро својата функција. Најверојатно на одредени места бетонот не е добро извибриран (хомогенизиран), па иако со око не се видливи постојат мали слободни отвори низ кои се слева дождовницата. Уште повеќе, бидејќи сеуше немаме олуци кои би ја зафатиле дождовницата од кровот и одвеле на одредено место, како и фактот дека нема заштитни тротоари околу објектот, на местата каде има прекршување на кровот се појавува оваа дождовница во подрумот.


Но, најдовме решение. Сега за сега функционира. Се работи за премачкување од внатрешна страна на подрумот со смеса за заптивање на активни продори на вода, „Убрзувач-Ч“, производ на „Адинг“ од Скопје. По неа, нанесовме хидроизолација во форма на премаз на цементна основа „Хидромал“, исто така од „Адинг“. Потрошивме околу 30 kg „Убрзувач-Ч“ чија цена е 93 ден/kg и околу 20 kg „Хидромал“ со цена од околу 40 ден./kg.


Доколку ова не успее да ја задржи водата, ќе мора да засукаме ракави и да ископаме повторно околу објектот за да може да го лоцираме проблемот и соодветно решиме. Ова е најдобро решение, но во овој момент најскапо и бара соодветни временски услови.


Проблем-вода во подрумот

Проблем: вода во подрумот




Убрзувач-Ч

Убрзувач-Ч




Подготовка на смесата. Се меша со вода. Стврднува за 1 min!

Подготовка на смесата. Се меша со вода. Стврднува за 1 min!




Нанесување на смесата на ѕидот и плочата

Нанесување на смесата на ѕидот и плочата




Фино распределување на смесата

Фино распределување на смесата




Делот од подрумот на кој се работи. Тука се гледа продорот на водата на плочата.

Делот од подрумот на кој се работи. Тука се гледа продорот на водата на плочата.




Хидроизолација. Се нанесе по 1 недела по „Убрзувач-Ч“

Хидроизолација. Се нанесе по 1 недела по „Убрзувач-Ч“




Изглед на обработениот дел под скалите

Изглед на обработениот дел под скалите




Изглед на обработениот дел до скалите

Изглед на обработениот дел до скалите




Конечно! Сув подрум!

Конечно! Сув подрум