По околу 2 недели принуден прекин на градењето, работите повторно продолжија на 25.11.2009 кога се продолжи со поставување на блоковите, нивно нивелирање, фиксирање, како и вградување на потребната арматура.
Исто така, се постави и поцинкувана трака FeZn 25/4 за заземјување на куќата, и тоа на 4 агли на објектот и околу објектот се вкопа истата на длабочина од околу 80 cm.
На еден дел од објектот се поставија и пластични црева за спроведување на електричните инсталации кои беа поставени во самиот блок.
Бетонирањето се изврши со МБ30-4 во малку потечна варијанта заради подобро збивање на бетонот со пер-вибратор. Потрошивме околу 8 m3 бетон и околу 3-5 kg/m2 арматура за ѕидовите.
Со тоа половина кат од приземјето е готов. Во следните денови ќе се продолжи со нижење на блоковите се до ниво на плочата. Последниот ред од блоковите ќе се бетонира со плочата.
Следуваат некои интересни детали од изградбата.
Поглед од комшиите. Комшо благодарам
Нижење на блоковите
Полека се наѕираат контурите на идната кујна и трпезарија
Пресек низ ѕидот. Овој дел пред бетонирање за затвора со Isospan плоча
Детал од агол со црева за инсталации
Потпирање на ѕидовите (за секој случај)
Бетонирање и вибрирање. Последниот ред се полни до половина за да се обезбеди прекин на бетонирањето во рамките на блокот
