Претходна статија
Кат - уште малку
Следна статија
Кров

Последна плоча

Објавено на 06.04.2010 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Го објавувам армирањето и бетонирањето на последната плоча со мало задоцнување поради Велигденските празници. Истото се случи на 31 март 2010. Бидејќи се што се одвиваше околу оваа активност е прикажано во изминатите постови, нема да се повторувам во истите описи. Само ќе кажам дека станува збор за безгредна меѓукатна плоча. Армирањето се изведе со скриени греди и соодветна арматура во долна и горна зона во полињата. За бетонирање се употреби MБ30-4 во количина од 25 m3.








Пред бетонирањето се поставија PVC црева за спроведување на електричните инсталации со што се олеснува нивното вградување, а не се врши штемување на плочата.