Претходна статија
Темели (дел без подрум)
Следна статија
Пристигнаа блоковите

Полнетица

Објавено на 26.10.2009 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

По изведбата на темелите за делот од куќата што нема подрум се премина кон изведба на парапетен ѕид над кој ќе се изведе првата плоча. Во внатрешноста на ѕидот се врши вградување и набивање на земјен материјал (чакал) над кој ќе лежи плочата. Ова се прави во два дела, бидејќи делот под дневниот престој е денивелиран во однос на останатиот простор.


За армирање на ѕидот се  употреби арматура со дијаметар 8 mm во двата правци, а за бетонирањесе потрошија 5 m3 бетон МБ30. Оплатирањето и бетонирањето се изведе на 21 и 22 октомври 2009.


На 24.10.2009 се извади оплатата и се подготви терен за подготовка на полнетицата со чакал. Заради лошите временски услови оваа операција почна да се изведува на 25 октомври 2009.


За полнење предвиден е речен материјал (чакал) во количина од 30 m3.


Оплатирање на парапетниот ѕид



Бетонирање на ѕидот


Демонтажа на оплатата



Изведба на полнетицата



Подготвена полнетица за набивање


Набивање со вибро ваљак од 1 t


“Посен” бетон над полнетицата