Претходна статија
Подрумска плоча
Следна статија
Темели (дел без подрум)

Подрумски ѕидови

Објавено на 07.10.2009 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Во периодот од 4-7 октомври 2009 се работеше на позицијата Подрумски ѕидови. За овие 3 дена се постави оплатата, арматурата и се бетонираа подрумските ѕидови.


За оваа работа потрошивме околу 1600 kg арматура со различни дијаметри (8, 12, 14) и 18 m3 бетон МБ30. Се оставија и потребните анкери за поврзување на Isospan ѕидовите и меѓукатната плоча.


На оплатирањето работеше екипа од 3-4 луѓе, на армирањето “бригада” од 14 армирачи, а на бетонирањето 4 луѓе + 2 оператори на пумпа.


Поставување на надворешниот дел од оплатата


Прицврстување на оплатата за дрвените столбови со шајки


Оплатата и наносното скеле надвор од ископот



Армирање на ѕидовите и столбовите



Детал од арматурата во столб


Врзување на арматурата за Isospan ѕидовите со столбот во подрумот


Скоро пред крај сме со армирањето, тука се поставуваат таканаречените скриени столбови во подрумските ѕидови, на секое прекршување


“Шума” од арматура


Поставување на внатрешниот дел од оплатата (народски кажано “шалување”)


Дистанцери за поврзување на двата ѕида од оплатата


Поврзување на дистанцерите со “кравати” (вака се формира солидно прицврстена оплата)


Конечно дојде бетонот


Бетонирање и вибрирање на бетонот (за да не се јават воздушни џепови ;) )



Избетониран ѕид+вибратор


Следниот ден се извади оплатата, па еве нови фотки:

Конечен изглед на подрумот (се разбира без плоча)





Во наредните денови следи поставување хидроизолација на подрумските ѕидови.