Претходна статија
Хидроизолација - заштита
Следна статија
Подрумски ѕидови

Подрумска плоча

Објавено на 04.10.2009 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

На 1.10.2009 дојде поголемка група работници-армирачи за да ја подготват и вградат потребната арматура во подрумската плоча. Работата успешно ја завршија за околу 4 часа, а поставија околу 612 kg арматура.


На 3.10.2009 на температура од околу  12 степени, силен ветер и дожд, работниците ја бетонираа подрумската плоча. Тука вградивме 8 m3 бетон.

Еве дел од работата илустрирана со фотографии.


Поставена долна зона на арматура


Меѓусебно врзување на арматурата. Ова обично не се прави “како првиот, така сите”, но така излезе на сликава :-)


Врзување одблиску


Бетонирање и вибрирање на плочата


Површинско мазнење на бетонот


Конечен изглед на подрумската плоча


Плочата е со димензии 11.35×4.50 m и дебелина 15 cm