Почнуваме со изградба на семејна куќа во блиска околина на Скопје.
Овој блог е отворен за сите наши пријатели кои се интересираат како напредува самата изградба, за сите посетители кои сакаат да следат еден процес на изградба, како и помош за сите оние што ќе сакаат да се впуштат во оваа авантура. Или како што ми рекоа на почетокот кога се зафатив со ова “и ти ли сакаш да ти побели косата”.
Она ште ќе биде интересно е градење со нов материјал на нашиот пазар, Isospan блокови. Ќе се обидам да ги покажам сите фази на изградба, проследени со фотографии.
Вашите коментари, прашања и предлози ќе бидат повеќе од добредојдени.
Епа со среќа нека ни е 