Оној кој сака да се загрее во староста, мора да изгради камин во младоста.
– Германска поговорка
Во периодот од 24-25 јули 2011 започнавме да го градиме огништето-каминот. Предвидовме истото да може да се користи и за затоплување на куќата преку централниот систем за парно греење. Заради тоа, во внатрешноста и по височината на оџакот се постави грејно тело (систем од цевки) низ кои циркулира вода. Таа се загрева од огништето и е поврзана со системот за греење (парно). На тој начин се заменува постоечкиот котел за греење и каминот освен за пријатна атмосфера ќе се искористи и за греење.
Целокупната опрема е направена рачно и изведбата е од проверен и препорачан мајстор. Ова значи дека не купивме готово тело од продавница туку тоа е специјално направено за овој облик на камин. Обѕидувањето и обликувањето на каминот е со полна тула и завршен малтерај. Декорирањето го оставивме за понатаму кога добро ќе осмислиме што сакаме. Грејното тело има капацитет од 30 l вода, а каминот загрева површина од околу 250 m2.
За изведба на каминот потрошиме 340 полни тули, 0.8 m3 песок, 200 kg портланд цемент од Titan и околу 10 kg огноотпорен цемент од АД РИОМ „Црвена Ѕвезда“ Пехчево („Бомекс рефрактори“).
Еве како изгледаше градењето на каминот низ фотографии.
Основна форма на каминот и прва плоча.
Отвор на каминот со грејно тело во позадина.
Отвори на каминот. Долу: цевка за поврзување со инсталацијата за парно греење. Горе: отвор за испуштање топол воздух во просторијата.
Ѕидање на оџакот.
Изглед од страна.
Грејно тело во оџакот со цевка за испуштање на воздух при полнење на телото со вода.
Изглед на каминот пред малтерисување.
Изглед на каминот по малтерисувањето и подготовка на дрва за пробно палење.
Мерак!
Поглед кон каминот од трпезаријата
Поглед кон каминот од дневната соба.