Претходна статија
Талго вагони на линијата Сараево - Белград
Следна статија
Се разбуди мечката од зимскиот сон… и стави олуци

Најбрзата пруга на светот

Објавено на 03.02.2011 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Брзините што ги постигнуваат европските ICE возови и јапонските супер брзи возови се чекор назад од железницата на економскиот џин Кина. За разлика од останатите развиени држави, Кина се реши својата железница да ја направи атрактивна за превоз на патници пред да настапи значителниот подем на автомобилскиот и авионскиот сообраќај. Доказ за тоа се кинеските брзи пруги, од кои највеличенствена е линијата Wuhan – Guangzhou.


Оваа линија ги поврзува истоимените два главни града на кинеските провинции Хубеи и Гуангдонг. Просечната брзина на оваа пруга е неверојатни 313 километри на час, брзина со која возовите поминуваат 968 километри за околу 3 часа. За споредба, стандарден воз оваа километража ја поминува за 10 часа и 30 минути. Пругата започнала да се гради во јуни 2005 година за да се заврши за само 4 години, при што истата е изградена на непристапен терен бидејќи линијата поминува низ 117 километри тунели и 468 километри виjадукти.

##

На најбрзата пруга на светот сообраќаат возовите CRH2 и CRH3 на јапонскиот производител Кавасаки односно германскиот производител Сименс. Максималната брзина на возовите во овој момент е 350 километри на час, иако е предвидено нејзино зголемување на 380 километри на час во блиска иднина. Капацитетот на еден воз варира во зависност од верзијата на гарнитурата, и тоа од 610 до 1.230 седишта, помножено со 28 пара возови кои сообраќаат секојдневно на оваа линија.

##

Накратко, во однос на техничките карактеристики, CRH2 е долг 201,4 односно 401,4 метри и се движи на 25 киловолтна електрифицирана пруга со стандардна ширина од 1.435 милиметри. CRH3 во зависност од моделот е долг 200 односно 400 метри, а неговата тежина изнесува 447 тони.

##

Најбрзата пруга на светот е пуштена во употреба на 26 декември 2009 година, при што статистиката вели дека на 1 јануари 2010 година се превезле 60.000 патници, а за првите три дена од новогодишните празници оваа линија ја минале 180.000 кинези.

#Железничката станица во Wuhan

Пругата Wuhan – Guangzhou е втора линија во Кина по која возовите се движат со брзина од 350 километри на час, при што за главна разлика во однос на првата линија Пекинг – Тианџин се смета тоа што  е  8 пати подолга. Сепак, кинеското министерство за железница не застанува со спектакуларните проекти. Само до 2012 година е планирано да се завршат 5.000 километри пруга по која возовите ќе се движат со брзина до или преку 250 километри на час од кои како најзначајна се предвидува линијата Пекинг – Шангај со максимална брзина од 380 километри на час.



Бојан Блажевски