Од 4 октомври почнавме со малтерисување на ѕидовите на приземјето и катот. Чекавме да помине топлото лето кое не е баш идеално за малтерисување. Тоа се должи на фактот што при брзо сушење на малтерот може да дојде до појава на пукнатини. Сепак, треба време и соодветна клима малтерот да врзе и правилно да се исуши.
Се решивме да малтерисување со производите на „Кнауф“. Како најсоодветен материјал за Isospan блоковите производителот ни го препорача Knauf MP 75 L. Овој малтер доаѓа подготвен во вреќи од по 30 kg и е наменет пред се за машинско малтерисување, но може да се користи и за рачна обработка на површините на ѕидовите. Пред нанесување на малтерот на површини како Isospan блоковите кои се доста суви, се препорачува тие претходно да се премачкаат со премаз (прајмер). Тоа го сторивме со Knauf Grundiermittel. По премачкувањето на прајмерот се поставуваа аголните лајсни од алуминуиум, производ на „Кнауф“ кои даваат правец и дефинираат ивица на ѕидовите. На поголемите ѕидови се поставуваат и водилки, односно профили со ПВЦ со кои пак се задржува правецот и нормалата на ѕидот. Тие привремено се поставуваат, а се отстрануваат кога ќе се нанесе доволно дебел слој од малтерот.
Со материјалот на „Кнауф“ ги обработивме сите простории во кои не е предвидено поставување плочки на ѕидовите. За површина на ѕидовите од околу 410 m2 потрошивме 8300 kg Knauf MP 75 L, односно околу 20 kg/m2.
Кујната и бањите ги обработивме со цементно-варов малтер Pofix 10, производ на „Пофикс“ од Тетово. За околу 131 m2 ѕидови потрошивме околу 2400 kg Pofix 10 или околу 18 kg/m2.
Малтерот стрпливо го чекаше почетокот на малтерисувањето околу 1 месец
Малтер и прајмер
Подготовка на малетрот. Се меша со вода во машината. Тука ја проверуваме конзистенцијата на мала количина во кофа
Машина за малтерисување од PFT
Аголни алуминиумски лајсни
Поставување на лајсните и нивно прицврстување со малтер
Лајсни околу отвор
Лајсни околу отвор
Бандажирање на фугите од блоковите со мрежичка
ПВЦ водилки за дефинирање правец и дебелина на малтерот
Дозирање на малтерот во машината
Нанесување малтер на ѕидовите
Нанесување малтер на ѕидовите
Нанесување малтер на ѕидовите
Рамнење на површината со прогилна летва
Исполнување нерамнини по влечењето со летвата
Наросување на ѕидот со вода со помош на сунѓереста папуча
Фино измазнување на ѕидот со глетарка за малтер
Контрола на вертикалност на ѕидовите
По малтерисувањето следува лесно глетување на ѕидовите, но претходно ќе се чека потполно сушење. Ова глетување е препорачливо заради подобро впивање на бојата при бојосување на ѕидовите.