Еве сме на врвот на кровот. На 25 април 2010 го направивме адетот, ги дарувавме мајсторите, а тие не благословија. Веќе на 27 април 2010 почнавме со редење на ќерамидите. Под оплатата од даски ставивме паропропусна водонепропусна фолија Bramac Veltitech 120. Ќерамидите се Bramac и се поставуваат на контралетви 5×8 cm и летви 3×5 cm.