Претходна статија
Последна плоча
Следна статија
Кров-Чатија (дополнето на 13.5.2010)

Кров

Објавено на 22.04.2010 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Еве не конечно на кровот. Поради дождливото време работите тапкаа во место, но сепак полека кровот си го добива својот облик. Кровната конструкција е дрвена (смрека) и се потпира директно врз а.б. плочата. Ќе биде изведена од венчаници, гребеници и рогови со димензии 10×12 cm, греди и столбови со димензи 12×12 cm. Меќу нив ќе се формираат клешти/косници со истите димензии. Над оваа конструкција ќе се вгради оплата од штици со димензии 20×2.5 cm, хидроизолација, контралетви со димензии 5×8 cm и летви со димензии 3×5 cm. Вкупна количина потребен материјал е 9.6 m3. Покривачот ќе биде бетонска ќерамида.


Кровот е четириводен со 3 баџи над бањата, скалите и трпезаријата/спалната соба. Во средина на плочата ќе се формира простори од околу 12 m2 со височина околу 2.5 m.



Нацрт и детали за кровната конструкција

Нацрт и детали за кровната конструкција




Нацрт и детали за кровната конструкција

Граѓа од смрека (чам) од лански трупци




Нацрт и детали за кровната конструкција

Подготовка на елементите




Нацрт и детали за кровната конструкција

Поставување на венчаници




Нацрт и детали за кровната конструкција

Детал од врска меѓу рогови и греда




Нацрт и детали за кровната конструкција

Детал од врска меѓу рогови и греда




Нацрт и детали за кровната конструкција

Јазол




Нацрт и детали за кровната конструкција

Столб




Нацрт и детали за кровната конструкција

Врска рог-венчаница




Нацрт и детали за кровната конструкција

Напредок :-)




Нацрт и детали за кровната конструкција

Пред да заврне на 21.4.2010