Зар треба да почнеме каков било текст, со клише – констатацијата дека светот се менува, дека растат неговите потреби и дека секој ден се бара сé повисок и поздрав квалитет на животот? Зар треба некого да потсетуваме дека животот е сè постресен и дека во домот ни треба заслужен мир и спокој? Тој мир и спокој, веќе 80 години Кнауф, со сувата градба, му ги обезбедува на светот, а споменатиот брз развој ни наложува секојдневно да ги унапредуваме нашите производи и системи и секоја наша интервенција да остава задоволни клиенти. Инвеститори, проектанти, изведувачи и клиенти. Нашиот развоен тим, составен од повеќе десетици технолози (доктори на науки во своите сфери), основните барања за производите на кои работат ги добиваат од нас, т.е. од самиот пазар. Нашите испитувања покажаа дека пазарот за сува градба посакува ваква плоча:
Кнауф Дијамант – за овде, за онде, за секаде!
Иако веќе некое време е целосно присутна на пазарот, време е да и посветиме малку внимание на најквалитетната плоча од нашата производна линија, плочата Кнауф Дијамант. Тоа е плоча, кој е базирана на напредните својства на алфа-гипсот и посебниот начин на производство, кој и овозможува зголемена густина и напредна цврстина и звучно-изолациска моќ. Со тоа, отворена е сосема нова зона на употреба на плочата. Ако ја споредиме со нејзините претходници, ги надминува во многу својства. Ако го земеме стандардот EN520, под кој ги произведуваме нашите плочи, тој ги категоризира истите во неколку категории означени со букви. Класа “A”, обична градежна плоча, без посебни својства. Класата “F” е ознака за противпожарна плоча, или онаа позната црвена Кнауф ПП. Класа “H”, која означува повисоко ниво на импрегнација, т.е. влагоотпорност на плочата, а дополнително “D” во категоризацијата значи дека гипсената исполна на плочата е со контролирана густина. “R” означува зголемена и напредна отпорност на притисок и удар и “I” значи зголемена површинска отпорност на абење, т.е. на гребење и на набивање. Сите овие ознаки ја карактеризираат нашата гордост, плочата Кнауф Дијамант. Дозволете ни да споредиме неколку важни карактеристики на оваа плоча, со веќе стандардните плочи и системи на Кнауф – W115 со стандардни гипсени плочи и W112 со Дијамант плоча и MW профили:
Отпорност на удар? Што ако ви кажеме дека имаме систем кој помина тест на непробојност, каде што системот спречи пробивање на куршум испукан од Магнум 44. Секако, го имаме и атестот кој го докажува системот, кој вклучува 4 Дијамант плочи и 2 гипс-фазер Торо плочи. Сигурност на најкомплицираните позиции. Банки, обложувалници, итн. Површинската отпорност на оштетување пак, ни овозможува да добиеме отпорна површина на места каде што таа е најпотребна. Болници, каде што се врши транспорт на пациенти во подвижни кревети и колички, кои неретко удираат во незаштитените ѕидови. Во училишта, каде што учениците едвај го чекаат последното ѕвонче, за, станувајќи да го лансираат столчето во ѕидот и трчајќи да ја напуштат „омилената” училишна зграда. Загарантирана трајност на завршната обработка и долго задржување на вредноста на целиот објект. Со самата зголемена крутост на плочата, зголемена е и носивоста на системите во кои влегува истата. Со истите врзни елементи, се добива поголема носивост. И, ако треба да резимираме, т.е. да направиме список на најдиректни препорачани позиции на плочава, би имале доста за пишување. Значи, плочата е импрегнирана, што значи дека слободно може да се постави на позиции во влажни простории. Противпожарна е, па можеме да ги достигнеме стандардните нивоа на ПП-заштита (30-180 минути кај различни системи). Има напредна звучна заштита, па така може да донесе уште поголем квалитет и на претходно споменатите системи и на системите кај кои добрата звучна заштита е основно барање – киносали, гласни угостителски објекти, хотели, болници, училишта.
Тука, спомнавме дека и отпорноста на удар и оштетување е дополнителна предност. Инвеститорите се решаваат да ја употребат оваа плоча во своите станбени објекти, особено во ходниците помеѓу становите, со цел да избегнат оштетување на овие ѕидови уште при самото вселување на корисниците, кога се пренесуваат кабасти елементи, гарнитури за седење, кујнски елементи, кревети, итн. Конечно, оваа плоча ни овозможува да создаваме поквалитетен простор, простор кој ќе трае и простор кој уште погордо ќе им го отстапиме на нашите следбеници, купувачи, гости.
Блажен Зотовски
Советник за сува градба