Според последните планови, подрумскиот дел ќе биде изведен од класична армирано-бетонска конструкција, приземјето и катот од Isospan блокови, а кровот од дрвена конструкција. Она што е ново тука се Isospan блоковите.
Што е Isospan?
Тоа се блокови составени од дрвени струготини, минерали, цемент и вода. Смесата се меша и поставува во калап. Во зависност од намената се поставува и топлинска изолација од стиропор.
Вградувањето се врши на суво, без лепење, само со евентуално потпирање. Блоковите се редат, се поставува арматура и се заливаат со бетон.
Димензиите на блоковите со кои ќе се гради објектот се L:H:D=125:25:30 cm. Стиропорот ќе биде со дебелина 9 cm. Овие блокови во каталогот на Isospan се озчанечени како S30/9.