Во периодот меѓу 6 и 20 април 2011 работевме на поставување инсталации за греење и затоплување на санитарна вода со сончева енергија (колекторски систем). Во оваа фаза се поставуваа цевки за спроведување на топла и студена вода од разделните орманчиња до радијаторите и од орманчињата до “машинската соба”. Таа ќе се наоѓа во подрумот и ќе ги содржи сите елементи потребни за функционирање на системот за греење. Засега одлучивме котелот за загревање да биде на електрична енергија, но оставивме можност во системот да може да се приклучи и котел на друг вид енергија. Во оваа фаза (пред поставување кошулка на подовите) се поставуваа основните елементи: орманчиња, ПВЦ цевки, заштита, разделници, инсталација за приклучување камин во системот за греење и сл.
За затоплување на вода која ќе се користи во купатилата и кујната поставивме инсталации за колекторски систем како и самите колекторски панели. Инсталацијата се состои од бакарни цевки и сигнален кабел спроведени од подрумот до кровот. Соларните панели се поставени во рамнина со кровната површина. Се одлучивме за систем што ќе овозможи затоплување на 200 литри вода. Еве како изгледаше монтажата на елементите низ фотографии.
ПВЦ заштитни ребрести црева за цевките за греење
ПВЦ цевки за инсталација за греење и бакарни цевки за соларни панели
Разделно орманче за инсталацијата. Се поставија по едно на секој кат
Обележување позиција за разделно орманче
Поставено разделно орманче на катот. Обично се вградуваат во ѕидот, но во овој случај визуелно ќе биде затворено со конструкција. Тука се гледаат и отворите низ плочата каде ќе минуваат бакарните цевки за колекторите
Цевки за спроведување вода од/до радијаторите
Пополнето орманче со цевки. Тука е вградено во ѕидот
Соларен панел
Подготовка на рамка за соларните панели
Инсталација на цевки за соларните панели
Инсталација за поврзување камин со систем за греење
Калај за лемење бакарни цевки
Лемење на бакарни цевки
Топлинска заштита околу бакарните цевки
Изглед на соларните панели на кровот