Претходна статија
Хидроизолација – подготовка
Следна статија
Хидроизолација - заштита

Хидроизолација – поставување

Објавено на 29.09.2009 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

По сушењето на слојот основен ладен битуменски премаз, површината е подготвена за поставување и лепење по топла постапка на битуменските траки. На деловите каде што се оставени анкерните прачки за а.б. столбовите и а.б. ѕидовите, површината во три слоја се премачкува со двокомпонентен премаз на цементна основа, тип Elastik Hidrostop од производителот Kema. Со тоа се постигнува водонепропустност на бетонската површина.

Битуменските траки се производ на Fragmat, тип TimIzolirka.


Премаз за водонепропусност Elastik Hidrostop-Kema


Премачкување на површината во три слоја со премазот


Поставување на битуменските траки TimIzolirka


Лепење на битуменските траки со подлогата



Лепење на краевите на траките со горилник и шпакла


Лепење на споевите меѓу траките. Преклопот е ~5 cm


Над хоризонталната хидроизолација ќе се изведе заштита на истата со слој од “посен” бетон МБ15 со дебелина 5 cm. Со тоа ќе се обезбеди заштита од оштетување на изолацијата при поставување на арматурата за подната плоча.