Претходна статија
Животот остава траги... Добро е што постои Ротбанд
Следна статија
Системската градба е гаранција за успешни проекти

Градителските чуда од Олимписките игри во Лондон

Објавено на 03.08.2012 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

 

Успехот секогаш ги следи храбрите, а кога станува збор за Олимписките и Параолимписките игри тогаш и беспрекорните спортски објекти се важна алка во постигнувањето рекорди. Лондон е единствената точка на планетата во која три пати досега е одржан планетарниот собир на спортистите. Буџетот за организирање на јубилејните 30-ти по ред Олимписки игри ја надмина сумата од 11 милијарди фунти, но затоа пак сладокусците на современото градителство добија прекрасни зданија кои ќе ги полнат страниците на архитектонската литература во децениите што доаѓаат. Олимпискиот стадион, Олимпискиот центар за водени спортови, Норт Гринич арената, Лондонскиот велодром, Кошаркарската олимписка арена, Копер бокс арената, Ексел центарот, стадионот Вембли и десетината останати градби во британската метропола ќе го задржат вниманието на глобалната јавност во 17-те дена обележани со разновидни спортски натпревари.

 

Лондон се погрижи да ја оправда титулата на добар домаќин, веднаш по објавувањето на радосната вест од страна на Меѓународниот олимписки комитет. Идејното решение на организациското раководство предвидуваше спортските објекти на кои ќе се одржува манифестацијата да бидат прониклива мешавина на постојните стадиони со историските објекти во метрополата, изведба на привремени објекти во функција на Олимписките игри, како и подигнување на нови зданија кои ќе постават напредни стандарди во архитектурата и градежништвото на иднината. Резултатот од исцрпното планирање се комплетираните 30-тина објекти и обемната патна, железничка и велосипедска инфраструктура кои треба да им овозможат максимална удобност на спортистите, јавните личности, новинарите и посетителите.

 

 

Олимпискиот парк:

 

#

 

 

При изградбата на објектите во кои се одржуваат натпреварувањата, водечката поента на организаторите беше да се искористат природни или рециклирани градежни материјали кои ќе осигураат намалување на потрошувачката на енергија и спроведување на мерки за енергетска одржливост. Поаѓајќи од ваквите барања, изведувачите на градежните активности се одлучија да ползуваат квалитетни продукти кои би ги оствариле очекувањата на организаторот. Една од компаниите што ја доби довербата е и Кнауф, која со препознатливите брендови успеа уште еднаш во пракса да ги докаже предностите својствени за нејзините производи.

 

На производителот Кнауф му се овозможи единствена прилика да учествува во снабдувањето со градежни материјали при подигнувањето на Центарот за водени спортови во Лондон, уникатна арена која ја дизајнираше светски познатата архитектка Заха Хадид, добитничка на Прицкеровата награда за архитектура. Спектарот на производи од палетата Polyfoam на Knauf Insulation беше искористен за имплементирање топлинска изолација на закривениот бел покрив на објектот. Во согласност со спецификацијата, високите перформанси на материјалот заедно со способноста да го издржи количеството на влага, докажаа дека Knauf Insulation Roofboard Super беше совршена опција за маркантната градба. Во покривната конструкција се вградија 1.100 метри кубни од овој висококвалитетен производ.

 

 

Олимпискиот центар за водени спортови:

 

###

###

 

 

Покрај арената во која ќе се одигруваат спортовите во вода, Кнауф беше избран и при имплементирањето на топлинската и звучната изолација во арената Норт Гринич. Лоцирана на брегот на реката Темза во лондонскиот округ Гринич, зданието комерцијално именувано и како „О2“, ќе биде совршен домаќин за спортистите кои ќе ги покажат своите способности во кошарката, гимнастиката и трамбулината. Мултифункционалниот комплекс, со капацитет од 20.000 седишта и со пропратни содржини како што се ресторани, барови и кино – сали, на прв поглед ги воодушевува љубителите на архитектурата со невообичаената покривна конструкција. Просторот изискува супериорна акустика за одржување на натпреварите за време на Олимписките игри. Изолациските производи на Кнауф беа изборот кој го претпочитаа градежниците.

 

Преку 100 тони од камената минерална волна Rocksilk Krimpact Flat Roof Slab Extra се вградени во авангардниот покрив на објектот. Овој градежен материјал на Кнауф овозможи издржливост на притисок, одлична компактност со конструкцијата, првокласни акустични својства во затворениот простор, совршена топлинска изолација и целосно имплементирање на најстрогите европски критериуми за противпожарна заштита. И најважното за градежниците, изведбата на сложениот покрив беше олеснета со системот за испорака на материјали на Кнауф, кои овозможуваат заштеда на време и намалување на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата.

 

 

Норт Гринич арената, позната и како „О2 арена“:

 

###

###

 

 

Реализацијата на Олимписките игри во Лондон од градителски аспект означува вистински пример за тоа како ќе се развива индустриската гранка во иднина. Иновативните решенија заедно со реоткривањето на подзаборавените практики им даваат идеи на професионалците кои би им овозможиле квалитативен скок над конкуренцијата. Британскиот оддел за сува градба во рамките на компанијата Кнауф уште во пролетта 2007 година започна да го развива проектот за создавање речна маршрута преку која ќе се транспортираат градежните материјали до Олимпискиот парк, некогашната индустриска зона која зазема површина од 2,5 километри квадратни во источниот дел на Лондон.

 

Планот за пренесување на гипсените плочи и малтер со бродови низ реката Темза беше успешно тестиран од страна на Кнауф. Главната идеја беше да се напушти востановеното правило за употреба на патниот сообраќај при транспортирањето на потребните материјали, кој во математички бројки би значеле десетици илјади камиони беспотребно да станат дел од густиот сообраќај во британската метропола. Грижливо разработениот план на компанијата Кнауф овозможи напредна и еколошка солуција за бродски транспорт, со која на безбеден начин се пренесоа илјадници тони градежен материјал, без притоа да се закрчат лондонските улици, а значајно да се намали испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата.

 

 

Стадионот Вембли:

 

###

###

 

 

На Кнауф му припадна честа да стане состојка и на стадионот Вембли, кој претставува вечен храм на англискиот фудбал и гордост на секој англичанец. Домаќините ја позајмија спортската арена со капацитет од 90.000 гледачи за одигрување на фудбалските натпревари во рамките на Олимписките игри. Употребата на разновидни материјали од оваа компанија им овозможува уживање и безбедност на фудбалските навивачи. Во спортскиот објект беа вградени гипсени ѕидови со површина од 140.000 метри квадратни, при што најголемиот дел од нив беа составени од импрегнирани противпожарни плочи и масивни импрегнирани противпожарни плочи на Кнауф, употребувајќи систем за лесно и безбедно еднострано монтирање на ѕидовите во ограничен работен простор.

 

Во сегментот за ВИП гости, соблекувалните, кујните, кантините и тоалетите на вториот по големина стадион во Европа, од палетата на Кнауф беа имплементирани импрегнирани противпожарни плочи и „Sound Moistureshield“ плочи. За беспрекорна звучна изолација, во преградите помеѓу просториите беше вградена стаклена минерална волна Knauf Crown Acoustic Partition Roll. Препознатливите производи со германски квалитет обезбедуваат удобна средина за заедничка забава на посетителите во возобновениот Вембли. Компанијата Кнауф е воодушевена што придонесува во остварувањето на врвните успеси на спортистите во текот на Олимписките игри и споделувањето радост што зрачи од задоволните лица на посетителите на најголемата спортска манифестација.